ЕУ го отвори роамингот за Украина и Молдавија, Македонија чека реформи за да влезе во роаминг зоната

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет од 16 декември јасно беше наведено дека Украина и Молдавија ќе добијат бесплатен роаминг од 1 јануари 2026 година, со напомена дека и земјите од Западен Балкан ќе можат да го добијат истиот статус – но само доколку ги исполнат утврдените услови.

Од 1 јануари 2026 година, Украина и Молдавија официјално станаа дел од роаминг-зоната на Европската Унија, што им овозможува на нивните граѓани комуникација без дополнителни трошоци во сите 27 земји членки.

Информацијата ја потврди Директоратот за проширување и источно соседство при Европската комисија, нагласувајќи дека станува збор за значаен чекор во процесот на европска интеграција на двете земји.

Што значи ова за граѓаните?

Со новиот режим, корисниците од Украина и Молдавија можат да остваруваат повици, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилен интернет во земјите на ЕУ користејќи ги своите домашни телефонски броеви – без дополнителни роаминг-надоместоци. Истите услови важат и за граѓаните на ЕУ при престој во овие две земји.

Македонија не ги исполнила условите

За разлика од Украина и Молдавија, Северна Македонија засега останува надвор од овој режим. Причината, според европските институции, е неисполнувањето на неопходните реформи и технички критериуми што се предуслов за приклучување кон европската роаминг-зона.

Најави без реализација

Укинувањето на роамингот со Европската Унија за земјите од Западен Балкан беше најавувано подолг период. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во август минатата година изјави дека Северна Македонија би можела да го добие овој режим на почетокот на 2026 година, по средбата со европската комесарка за проширување Марта Кос.

Порака од Брисел

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет од 16 декември јасно беше наведено дека Украина и Молдавија ќе добијат бесплатен роаминг од 1 јануари 2026 година, со напомена дека и земјите од Западен Балкан ќе можат да го добијат истиот статус – но само доколку ги исполнат утврдените услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни