Европската унија успеа да ја намали емисијата на штетни гасови за речиси три отсто, најмногу во Бугарија, Естонија и Словенија.
Во првиот квартал од оваа година, економијата на ЕУ емитирала вкупно 941 милион тони еквивалент на јаглерод диоксид, што е намалување за 2,9 отсто во однос на истиот период лани кога изнесуваше 969 милиони тони.
Најмногу CO2 имало од европските домаќинства, дури четвртина вкупното загадување – 24 отсто, а дури потоа од индустријата со 20 отсто, снабдувањето со електрична енергија и гас придонеле со 19 отсто, земјоделството 13 отсто, додека транспортот испуштал само 10 отсто од јаглеродниот диоксид во атмосферата.
Токму транспортот забележа зголемување на емисијата на штетни гасови за 7,2 отсто, додека најголемо намалување е забележано во секторот гас и електрична енергија – 12,3 отсто.
Три земји, Бугарија, Естонија и Словенија ја предводат листата на земји кои постигнале најголемо намалување на емисијата на штетни гасови. Бугарија бележи пад од 15,2 отсто, Естонија за 14,7, а Словенија за 9,6.

Зголемување на загаденоста е забележано во шест земји од ЕУ. Тоа се Ирска 9,1 отсто, Летонија 7,5, Словачка 1,9, Данска 1,7, Шведска 1,6 и Финска 0,3.
Еуростат ја забележа и поврзаноста меѓу емисијата на штетни гасови и промените во Бруто националниот производ.
Во повеќето од 21 европска земја каде што има намалување на емисијата на штетни гасови, нема пад на БДП.
Словенија со пад на емисиите на штетни гасови од 9,6 отсто забележа раст на БДП од 0,7 отсто, а Хрватска со пад на емисиите на штетни гасови од 0,3 отсто оствари раст на БДП од 2,8 отсто.
Извор: N1