„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија. Европската унија секогаш била на страна на Сириците во изминатите 14 години и така ќе продолжиме“, изјави Калас.
Оваа одлука била донесена на состанокот на амбасадорите на земјите-членки, а денес официјално ја потврдија министрите за надворешни работи на состанокот во Брисел.
Минатата недела, и САД објавија дека ги укинуваат санкциите кон Сирија.
Санкциите на ЕУ беа насочени против режимот на поранешниот претседател Башар ал-Асад, со фокус на банкарскиот сектор и забрана за продажба на оружје за кое се претпоставуваше дека може да се користи против цивилното население.