ЕУ ги менува правилата и ги враќа лесно променливите батерии во мобилните телефони

Производителите на паметни телефони ги прават уредите за тешко да им се менуваат батериите. Сепак, новите закони кои ги носи ЕУ ќе го променат ова. Европската Унија наскоро ќе бара од производителите на паметни телефони да им дозволат на корисниците да ги заменат батериите. Новите строги правила, одобрени од Европскиот Парламент оваа недела ќе спасат милиони паметни телефони од отпад.

Секоја година се фрлаат повеќе од 150 милиони паметни телефони. Полесно заменување на батериите може да го спречи овој наплив на е-отпад. Постојните телефони ги затвораат батериите во уредот, што значи дека нивната замена може да биде речиси исто толку скапа како и купувањето нов телефон.

Новите мерки ќе помогнат да се прекине тој циклус на неконтролираното консумирање, изјави европратеникот Ахил Варијати.

„За прв пат имаме законодавство за циркуларна економија што го покрива целиот животен циклус на производот – пристап кој е добар и за животната средина и за економијата“, рече тој. „Се договоривме за мерки кои во голема мера имаат корист за потрошувачите: батериите ќе функционираат добро, ќе бидат побезбедни и полесно ќе се вадат“.

Какви се новите правила на ЕУ?

Според законодавството, потрошувачите мора да можат „лесно да ги отстрануваат и заменат“ преносните батерии што се користат во уреди како паметни телефони, таблети и камери. Ова ќе бара значителен редизајн на уредите кои се продаваат во моментов.

Правилата за замена на делови на паметните телефони се дел од поширок систем на правила. Сите електрични возила и индустриски батерии на полнење над 2 kWh ќе треба да имаат задолжителна изјава за јаглерод, етикета и дигитален пасош.

Парламентот, исто така, донесе нови цели за собирање отпад и извлекување материјали од старите батерии. До 2031 година, 61 отсто од отпадот мора да се собере и 95 отсто од материјалите да се рециклираат од старите преносливи батерии.

Правилата ќе стапат на сила во 2027 година.

Што е планирана застареност и зошто е проблем?

Мобилните телефони седат на депонија, испуштаат токсични хемикалии во подземните води и ја загадуваат почвата. Им требаат години за да се распаднат. Уште полошо, овие „мртви“ телефони се ужасно губење на благородни метали како кобалт и литиум.

Таквите метали треба да се ископуваат – често со огромни деструктивни последици за локалните заедници и екосистемите. Бидејќи транзицијата на обновливите извори на енергија ја зголемува побарувачката за батерии, намалувањето на непотребниот притисок врз постоечките залихи е морален и економски императив.

За жал, многу телефони се направени за да престанат да работат по одредено време. Дали некогаш сте почувствувале дека телефонот ви станува побавен или сте барале низ старите кабли за да го најдете вистинскиот адаптер? Тогаш сте ги доживеале фрустрациите кои креираат главоболки поради планираното застарување на уредите.

Производителите намерно го ограничуваат животниот век на сопствените уреди за да ги принудат потрошувачите да купуваат понови модели. Јавното мислење е против оваа практика.

Според студијата на Европската комисија спроведена минатата година, 77 отсто од граѓаните на ЕУ повеќе би сакале да ги поправат своите уреди отколку да ги заменат. Покрај тоа, 79 отсто сметаат дека производителите треба да ги олеснат своите дигитални уреди за поправка, со подобар пристап до поединечни делови.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни