Купувањето од Кина поскапува: ЕУ воведува фиксна царина за мали пратки

Од 1 јули 2026 година ЕУ воведува фиксна царинска такса од 3 евра за мали пратки од трети земји, најчесто од Кина. Погледнете како ќе влијае тоа врз онлајн-купувањето.

Советот на Европската Унија усвои нови правила со кои од 1 јули 2026 година ќе се укине досегашното ослободување од царина за мали пратки со вредност под 150 евра што пристигнуваат од трети земји, најчесто преку онлајн-нарачки од Кина.

Според новата регулатива, за секоја различна категорија производ во пратка ќе се наплаќа фиксна такса од 3 евра. Тоа значи дека доколку пратката содржи повеќе видови артикли, вкупниот износ за царина ќе биде повисок.

Мерката ќе важи како привремено решение до 1 јули 2028 година, кога се очекува да биде заменета со редовни тарифи, по целосното воспоставување на новиот царински центар за податоци на ЕУ.

Од европските институции посочуваат дека одлуката е донесена поради континуираниот раст на евтини пратки со мала вредност, кои досега влегуваа без царински давачки. Во 2024 година, повеќе од 90 проценти од ваквите пратки потекнувале од Кина, а нивниот обем се зголемувал од година во година.

Целта на новите правила, според ЕУ, е да се модернизира царинскиот систем, да се зголемат буџетските приходи и да се создадат пофер услови за европските трговци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни