ЕУ: Без слободни и независни медиуми нема функционална демократијата

На Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај, институциите на Европската унија испратија јасна порака: без слободни и независни медиуми – нема функционална демократија.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола истакна дека новинарите мора да бидат заштитени од цензура, заплашување и одмазда, нагласувајќи дека Европскиот парламент секојдневно ќе се залага за нивната слобода.

Значаен чекор напред претставува Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), усвоен во април 2024 година. Потпретседателката на Европскиот парламент Сабине Верхајен го оцени законот како витален одговор на современите закани врз новинарството, кој не само што гарантира независност, туку и јасно се спротивставува на злоупотребата на технологии, тужби и закони против новинари.

Европската комисија, исто така, ја реафирмираше својата посветеност на заштита на медиумскиот плурализам. Според пораката на претседателката Урсула фон дер Лајен, EMFA ќе обезбеди зголемена транспарентност и фер услови за медиумите, со фокус на спроведување во сите земји членки од 8 август.

Комисијата веќе презеде конкретни мерки: издаде препораки за безбедност на новинарите, со посебен акцент на жените новинарки, и усвои правила за заштита од т.н. SLAPP тужби – судски постапки со цел замолчување. Дополнително, слободата на медиумите ќе биде централен дел од новиот Европски демократски штит.

Пораката е дека институциите на ЕУ гледаат на слободата на медиумите не како на формалност, туку како на жив, суштински дел од европската демократија, кој бара постојана одбрана и поддршка

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни