ЕУ: Apple или ќе го смени софтверот за iPhone 12 или ќе го повлече

Apple најави промени во моделот на телефонот iPhone 12 за да се усогласи со правилата на Европската унија (ЕУ) за електромагнетно зрачење. Американскиот технолошки гигант вети дека ќе направи промени во софтверот во следните неколку дена, а тоа го потврди и функционерот на француското министерство кое се занимава со ИТ прашања.

Ваквата информација доаѓа откако претходата недела француските регулатори побараа од Apple да го повлече тој модел на телефон од пазарот, бидејќи тестовите покажаа дека одредени параметри во врска со зрачењето на телефонот ги надминуваат законските граници.

Регулаторите на другите европски земји, како Германија, Холандија и Белгија, тогаш најавија дека ќе го проценат и потенцијалниот здравствен ризик.

Кога Apple ќе го подобри софтверот, францускиот регулатор повторно ќе провери дали уредот ги почитува правилата за електромагнетно зрачење. Во спротивно iPhone 12 ќе треба да се повлече од пазарот.

Извор: danas.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни