ЕУ ја зголемува финансиската помош за Палестина

620 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка и реформи на ПА, 576 милиони евра за отпорност и обнова на Западниот Брег и Газа, а 400 милиони евра ќе дојдат во форма на заеми од Европската инвестициска банка, подложно на одобрување од нејзиниот управен орган
Palestine 2009. Israel's Wall in Bethlehem, West Bank.

Европската унија ќе ја зголеми својата финансиска поддршка за палестинските власти со тригодишен пакет вреден околу 1,6 милијарди евра, изјави европската комесарка надлежна за Блискиот Исток во интервју за Reuters.

Дубравка Шуица, комесарка на Европската комисија за Медитеранот, изјави дека финансиската поддршка ќе оди рака под рака со реформите на палестинските власти, кои критичарите ги обвинуваат за корупција и лошо управување.
„Сакаме да се реформираат, затоа што без реформи нема да бидат доволно силни и кредибилни за да бидат соговорници, не само на нас, туку и на Израел“, рече Шуица.

Изјавата на комесарката доаѓа во пресрет на првиот политички дијалог на високо ниво помеѓу министрите за надворешни работи на Европската унија и високи палестински функционери, вклучувајќи го и премиерот Мохамад Мустафа, што ќе се одржи денеска во Луксембург.

ЕУ е најголем донатор на Палестинците

Европската унија е најголемиот донатор на Палестинците, и функционерите на ЕУ се надеваат дека палестинските власти, кои управуваат со Западниот Брег, еден ден ќе ја преземат одговорноста и за Газа по завршување на војната меѓу Израел и милитантите на Хамас.

Но, владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху досега ја одбиваше идејата Газа да ѝ се предаде на Палестинската управа (ПА) и избегнуваше да го поддржи поширокиот план на ЕУ за решение со две држави, кое би вклучувало основање на палестинска држава.

Шуица изјави дека 620 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка и реформи на ПА, 576 милиони евра за отпорност и обнова на Западниот Брег и Газа, а 400 милиони евра ќе дојдат во форма на заеми од Европската инвестициска банка, подложно на одобрување од нејзиниот управен орган.

„Во изминатите 12 години, просечната поддршка на ЕУ за Палестинската управа изнесуваше околу 400 милиони евра годишно. Сега вложуваме на кредибилен начин во Палестинската управа“, рече Шуица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни