Европската унија ја одобри употребата на контроверзниот глифосат за уште 10 години, но ќе има нови услови и ограничувања, соопшти ЕК.
Тоа е органско фосфорно соединение, што се користи за уништување на плевел во земјоделството.
Глифосат е хемиски препарат развиен во американската компанија „Монсанто“ и на пазарот пласиран како Roundup. Сега е широко распространет во светот и го произведуваат сите други хемиски компании, меѓу кои и германската „Баер“.
Загриженоста за штетноста на глифосатот што се користи за уништување плевел се појави во 2015 година кога СЗО објави дека е канцероген.
Извор: agtotim.mk