ЕТНО 3/4 – реинтерпретација на модата од крајот на XIX и почетокот на XX век

Настанот ќе вклучува визуелна презентација на 10 модели кои ќе го претстават спојувањето на минатото и сегашноста

Утре вечер во Пациото на Завод и музеј Битола, ќе се одржи настанот ЕТНО 3/4, кој ќе понуди незаборавно патување низ историјата на модата во Битола, со фокус на спојувањето на традицијата и современото.

Вечерта е посветена на реинтерпретација на модната култура од крајот на XIX и почетокот на XX век, со посебен акцент на стиловите А ла Турка, А ла Франга и етно модните трендови.

ЕТНО 3/4 е проект кој ја слави богатата модна историја на Битола, за да ја претстави на младите генерации и пошироката публика преку современи креации.

Проектот е дело на дизајнерката Јасмина Василевски, која стои зад брендот „3/4 by Јasmina“.

Настанот ќе вклучува визуелна презентација на 10 модели кои ќе го претстават спојувањето на минатото и сегашноста. Моделите ќе бидат изложени, а секој од нив ќе носи дух на традицијата комбинирана со современи елементи, овозможувајќи публиката да ја доживее историјата преку нов контекст.

Проектот „ЕТНО 3/4 – Креативно продолжување на приказната за битолските модни стилови А ла Франга, А ла Турка и етно“ е поддржан од Министерството за култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни