На овие повеќекратни прекршители им биле изречени парични казни во вкупен износ од 820.000 евра, објави порталот ERR.
Најголем број од ваквите честитки, кои претставуваат форма на предупредување, биле испратени во окрузите Харју, Ида-Виру и Тарту.
Според податоците, бројот на изречени казни укажува дека состојбата со сообраќајните прекршоци годинава се влошила, со оглед на тоа што во 2024 година биле издадени за 30 казни помалку.
„На луѓето им испраќаме вакви божиќни честитки за да им ја разбудиме совеста и да ги поттикнеме да размислат за своето однесување во сообраќајот. Некои од нив ваква честитка ја добиваат првпат, додека има 28 лица кои ја добиваат трета година по ред“, изјави претставничката на регионалната полиција, Мина Раул.
Како што се наведува, најголем дел од прекршителите се родени во 2004 и 2006 година, додека најмладиот има 28 години, а најстариот 76.
Сообраќајната полиција посочи дека една третина од сите прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.
Извор: N1info.rs