Ескалација на Блискиот Исток: напади врз Израел и Кувајт, ОАЕ активираа противракетна одбрана

Регионалните тензии на Блискиот Исток се продлабочуваат со пријавени напади врз Израел и Кувајт, активирање на ПВО системи во ОАЕ и нови закани од ИРГЦ дека американски и израелски универзитети се легитимни цели.

Ратот меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна влезе во својот втор месец, додека состојбата на Блискиот Исток дополнително се заострува со нови напади и закани.

Според извештаи, во текот на најновите инциденти биле регистрирани напади врз Израел и Кувајт, по што Обединетите Арапски Емирати активирале системи за противракетна одбрана како мерка на претпазливост. Ситуацијата ја зголеми загриженоста за проширување на конфликтот во поширокиот регион.

Во меѓувреме, американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека Министерството за одбрана на САД подготвува повеќенеделна копнена операција во Иран, и покрај изјавите на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека САД наскоро би можеле да се повлечат од конфликтот.

Паралелно со тоа, Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) испрати нови закани, наведувајќи дека универзитетите во САД и Израел на Блискиот Исток се сметаат за легитимни цели. Според нивните изјави, тоа претставува одговор на претходни напади врз ирански образовни институции.

Се зголемува стравувањето дека конфликтот би можел да се прошири и да зафати поширок дел од регионот, додека дипломатските напори засега не даваат конкретни резултати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни