На повик на студентите, стотици граѓани ја поминаа ноќта пред судот, дежурајќи во смени. Жандармеријата и интервентната полиција интервенираа утрово околу 5:30 часот, користејќи бибер-спреј за да растераат дел од собраните.
Фоторепортер кој носел кацига со натпис „прес“ бил приведен, иако јасно се идентификувал како новинар. Полицијата тврди дека кај него пронашла солзавец.
Во меѓувреме, професорката по социологија Марија Васиќ, која штрајкува со глад и жед поради третото продолжување на притворот, вчера била префрлена во болница во тешка состојба.
Зградата на судовите и обвинителствата е блокирана откако советот на Вишиот суд донесе одлука за нови 30 дена притвор за шестмина активисти, меѓу кои и ученик, професорка и градски советник. Тие се обвинети за наводни подготвувања на дела против уставниот поредок.
Протестите започнаа по трагедијата на железничката станица во ноември, кога загинаа 16 лица, а граѓанското незадоволство ескалира со секој нов ден притисок и насилство.