Богатите населби во Лос Анџелес се претворија во прав и пепел, но освен евакуација, некои од холивудските ѕвезди се фатија и за работа за да спасат што можат.
Ештон Кучер беше фотографиран како им помага на своите пријатели да се справат со стравотните пожари во Лос Анџелес.
Фотографите го фатија пред домот на продуцентот и сценарист Чак Лоре и неговата сопруга Ариел. Носеше маска на лицето и со црево го изгасна пожарот што ја зафати нивната куќа.
Инаку, Лоре е познат како крал на ситкомовите, а тој и Кучер соработуваа во последните сезони од серијата Two and a Half Men.