Со доаѓањето на есента често се појавуваат чувства на замор, тага и пад на енергијата, особено по опуштениот летен период. Психотерапевтите објаснуваат зошто се случува ова и како може да си го олесниме преминот кон секојдневните обврски. Според нив, големата промена во животниот ритам по одморот предизвикува напнатост, нервоза, па дури и анксиозност кај многу луѓе.
„Промената во ритамот на спиење и денот се однесува на тоа дека за време на одморот имаме помалку обврски, сме порелаксирани, додека враќањето на работа носи забрзано темпо и повеќе задачи“, велиат лекарите.
Тие нагласуваат дека е важно да се прифати дека за адаптација на овие промени е потребно време. Нереално е да се очекува дека веднаш ќе бидеме максимално ефикасни на работа.
Советуваат, особено по патување, да си дадеме неколку дополнителни денови одмор за да се „вратиме кон себе“ и постепено да влеземе во работните обврски. Поставувањето на помали цели и избегнувањето на преголеми очекувања може значително да го олесни овој процес.
Лекарите исто така забележуваат дека реакциите на промена на годишните времиња се индивидуални. Сончевите денови обично носат повеќе енергија, додека дождливите и облачни денови можат да придонесат за пад на расположението. Сепак, таа нагласува дека чувството на вина, кое многу луѓе го имаат поради одмор, често потекнува од верувањето дека сме корисни само кога работиме.
„Одморот е неопходен за да бидеме ефикасни на работа. Не е природно да не се одмораме“, велат тие
Посебно внимание треба да се обрнува на посериозни сигнали како несоница, анксиозност или мачнина при враќање на работа. Овие симптоми може да укажуваат на мобинг или лоша работна атмосфера и бараат внимание.
„Тоа е знак дека треба да се преиспитаат сопствените околности, можеби да се побара стручна помош или да се разгледа можноста за промена на работното место“, велат психолозите, нагласувајќи ја важноста на грижата за менталното здравје.