Еруптираше вулкан во Индонезија, oткажани авионските летови кон Бали

Голема ерупција на вулканот во источната провинција Нуса Tengгара се случи синоќа, по десетици помали ерупции забележани на 13. март, се вели во соопштението на националната геолошка агенција. Таа предупреди и на поплави од лава и изјави дека имало помали ерупции и рано во петок


Ерупцијата на индонезискиот вулкан Lewotobi Laki-laki исфрли облаци пепел на повеќе од осум километри, објавија локалните власти и го подигнаа статусот на предупредување на највисокото ниво, додека австралискиот авионски превозник ги откажа некои од летовите за Бали.

Голема ерупција на вулканот во источната провинција Нуса Tengгара се случи синоќа, по десетици помали ерупции забележани на 13. март, се вели во соопштението на националната геолошка агенција. Таа предупреди и на поплави од лава и изјави дека имало помали ерупции и рано во петок.


Портпаролот на агенцијата за ублажување на катастрофи изјави за Reuters дека една личност била повредена за време на евакуацијата. Не имал веднаш детали за тоа колку жители биле погодени од ерупцијата.

Jetstar, нискотарифна подружница на Qantas Airways, ги откажа своите летови помеѓу Австралија и индонезиското летувалиште Бали во петок наутро поради вулкански пепел, но наведе дека продолжените летови се очекуваат попладне.

Говорник на аеродромот на Бали изјави дека аеродромот продолжува со работа, но дека седум меѓународни летови беа откажани во петок наутро, додека некои домашни летови беа одложени.

Reuters потсетува дека најмалку девет лица загинаа, а илјадници беа евакуирани кога вулканот Lewotobi Laki-laki еруптираше во ноември минатата година, засипувајќи ги блиските села со врели камења и лава.

Индонезија има близу 130 активни вулкани и се наоѓа на пацифичкиот “пламенски прстен”, подрачје со висока сеизмичка активност на врвот на различни тектонички плочи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни