Еруптираше вулкан на Хаваи

Килауеа, кој се наоѓа во Националниот парк Хавајски вулкани, е меѓу најактивните вулкани во светот, а оаа ерупција беше 39та оваа година
Фото: Giles Laurent, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Вулканот Килауеа на Хаваи еруптираше на Бадник со фонтани од лава што достигнаа висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција на Големиот Остров се случи во кратерот Халемаумау, а беше снимена од камерите на Геолошкиот завод на САД (USGS), пишува USA TODAY .

Сè започнало вечерта на 23 декември и заврши веднаш по 2 часот наутро по локално време на Бадник, 24 декември. Според USGS, камерите првпат ја снимиле активноста кратко по 2:30 часот наутро. Огнените сцени на лава што еруптира од северните и јужните отвори на кратерот беа емитувани во живо на веб-камери.

Килауеа, кој се наоѓа во Националниот парк Хавајски вулкани, е меѓу најактивните вулкани во светот. Оваа последна ерупција беше 39-та регистрирана оваа година. Претходната епизода, 38-ма, се случи претходно овој месец и траеше речиси 12 часа. Научниците проценуваат дека вулканот се формирал пред околу 280.000 години и се издигнал над нивото на морето пред речиси 100.000 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни