Израелската одлука да ја преземе воената контрола врз Газа е „апсолутно неприфатлива“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас, пренесува Anadolu.
Според податоците од турската Дирекција за комуникации, тие разговарале за израелските напади врз Газа и за најновите случувања во регионот.
Ердоган за време на разговорот повтори дека Турција ќе продолжи да стои на страната на Палестина.
Нарекувајќи ги изјавите на Франција, Велика Британија и Канада за можно признавање на палестинската држава вредни за внимание, Ердоган нагласи дека расте бран критики кон Израел на Запад и додаде дека Турција ќе продолжи со своите напори за мир во регионот.