Ердоган го поздрави мировниот план за Газа и најави поддршка од Турција

Претседателот Ердоган ги поздрави напорите на Доналд Трамп за запирање на крвопролевањето во Газа. Тој најави дека Турција ќе продолжи активно да учествува во процесот за траен и праведен мир.
Jaber Jehad Badwan, CC BY-SA 4.0,

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се огласи по повод претставениот американски план за Газа и ги поздрави напорите и лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со ова прашање. Во своето обраќање на социјалните мрежи, Ердоган рече дека е потребно да се спречи крвопролевањето, пренесе Klix.

„Ги поздравувам напорите и лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп насочени кон запирање на крвопролевањето во Газа и постигнување примирје“, рече Ердоган. Тој истакна и дека Турција ќе продолжи да учествува во процесот. „Турција ќе продолжи да придонесува кон процесот со цел воспоставување праведен и траен мир прифатлив за сите страни“, додаде Ердоган.

Ердоган пред новинарите зборуваше за своите средби во Америка и нагласи дека за време на Генералното собрание на ОН, како и во разговорите со Трамп, јасно го искажал турскиот став во врска со Газа.

„И покрај израелските обиди да го опструираат тоа, палестинското прашање доминираше на Генералното собрание на ОН. Конференцијата за решението со две држави привлече значително внимание. Се обратив пред Генералното собрание по тринаесетти пат. Во својот говор го нагласив масакрот, кој сега ескалираше во дивјаштво. Со фотографии ја откривме жестокоста. Јасно го покажавме ставот на нашата земја“, појасни тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни