Search
Милчо Дули, претседател на “SFERA International”

Еразмус плус е програма која ги поврзува сите генерации

Милчо Дули e претседател на невладината “SFERA International” од Битола и веќе 15
години работи на програми за развој на младински вештини, невработеност, екологија и
заштита на природата. Голем дел од активностите се преку Еразмус+ програмата.
-Неформалното образование е многу битен елемент во образованието, општо на еден
млад човек, затоа што формалното знаеме колку е затворено, како е со свои принципи, со
своја саатница, програма и така натаму. Ама неформалното е малку поотворено, каде што
младите можат подобро да се искажат преку различни методи како симулации, театар,
игри… Така да мислам дека преку тоа се откриваат себеси – објаснува Дули.

До сега над 5.000 млади од државата заминале на кратки младински размени од седум
до осум дена. Кај сите нив, вели Милчо, можат да се видат позитивни промени. Многу
млади кои што заминале од државата, се вратиле да инвестираат, да променат нешто во
животот и во нивниот, но и во општествениот.

-Од Ерасмус не сум слушнал ни негативна приказна до сега, нешто лошо да се случило.
Ерасмус е еден вид на учење, неформално и формално. Тоа е програма која што не
поврзува и сите нас, сите генерации во едно. Затоа што во младинска размена имате не
само млади, туку имаме и лидери кои што ги водат тие млади, каде што нема
ограничување на години. Така да ги спојува и младите и повозрасните генерации – вели
Дули за “Трн”.

Најново

Последни колумни