Еразмус + нуди огромна поддршка за професионален и едукативен напредок на наставниот кадар и учениците

„Училиштето Петар Поп Арсов има долгогодишно искуство на вклученост во Еразмус програмата. Имено, во нашето училиште од 2016 година наваму реализирани се повеќе од 20 Еразмус проекти. Но исто така, ние тука не сме застанале туку и во моментов во тек е реализација на неколку проекти од Еразмус програмите. Нашите искуства се максимално позитивни и истите влијаат во насока на понатамошно осовременување и унапредување на образовниот процес“, изјави Даниела Штерјова, директорка на ООУ Петар Поп Арсов.

Основното училиште  „Петар Поп Арсов“ од  Скопје, Македонија од периодот април 2023 година до април 2024 година учествуваше во програмата Еразмус плус како партнер во проектот КА210: „Помеѓу фантазијата и реалноста“ (iFAR) кој се однесува на новите технологии и нивните размислувања за образованието и секојдневниот живот, вклучувајќи различни методи на учење, главно учење базирано на Интернет, учење засновано на игри, извонредно учење, експериментално учење и учење засновано на вештини. Во текот на проектот се одржаа 4 мобилности.

„Училиштето Петар Поп Арсов има долгогодишно искуство на вклученост во Еразмус програмата. Имено, во нашето училиште од 2016 година наваму реализирани се повеќе од 20 Еразмус проекти. Но исто така, ние тука не сме застанале туку и во моментов во тек е реализација на неколку проекти од Еразмус програмите. Нашите искуства се максимално позитивни и истите влијаат во насока на понатамошно осовременување и унапредување на образовниот процес“, изјави Даниела Штерјова, директорка на ООУ Петар Поп Арсов.

Даниела Штерјова, директорка на ООУ Петар Поп Арсов

Трн:  Кои се најголемите предности што ги забележавте од учеството на вашето училиште во програмите Еразмус?

Даниела:  Најголемата предност од нашето учество во програмите Еразмус е размената на образовни искуства. Главната придобивка од оваа меѓународна програма е меѓусебно вмрежување и поврзување. На тој начин нашите наставници и ученици имаат можност да се запознаат со разновидни образовни европски практики и и истите да ги применуваат кај нас.

Трн: Како сметате дека Еразмус програмата го подобрува образованието на вашите ученици и наставниот кадар?

Даниела:  Вклученоста на нашите ученици во оваа програма им овозможи подобрување во низа на нивни компетенции и вештини, како на пример способноста за критичко размислување, подобрување на нивните социјални и комуникациски вештини, зголемување на нивната креативност, подобрување на нивните ИКТ вештини, усовршувањето на странските јазици и сл. Од друга страна, силната вклученост на нашето училиште во Еразмус програмата има голем импакт и на наставниот кадар во поглед на стекнување на нови сознанија за европските образовни текови и примена на современи наставни форми и методи во наставата.

Трн: Кои се најважните учења и искуства што ги носите како лидер од учеството на вашето училиште во Еразмус програмата?

Даниела:  Најзначајното сознание и искуство е дека директорот е потребно да биде, не само силен поддржувач туку и иницијатор и двигател во вклучувањето на училиштата во оваа, и слични на неа програми. Придобивките од тоа ги засегнуваат сите инволвирани страни во образовниот процес – професионален развој на наставниот кадар, зголемување на знаењата и вештините кај учениците и подигнување на нивото на задоволство кај родителите. Сето ова резултира во зацврстување на взаемната поврзаност и соработката помеѓу овие субјекти на општо взаемно задоволство на сите.

Еден од најефективните начини за мотивација е засилување на меѓу-училишната соработка каде училиштата кои имаат значителни искуства со Еразмус програмите ќе ги пренесат своите сознанија за добри наставни практики на другите училишта преку организирање на дисеминации, обуки, работилници со наставници и ученици, презентации и слично.

Поразговаравме и со тим на наставници од ООУ Петар Поп Арсов – Скопје, Карпош корисници на Еразмус + програмата. Александра Петковска—Митровска наставник по англиски јазик, Билјана Ромевски наставник по македонски јазик и Мирјана Патаракоска наставник по математика и физика. Ентузијасти и со голема поддршка од директорката Даниела Штерјова успешно ги реализираат проектите “In Between Fantasy and Reality” (iFAR) и “Grow Confidence in primary school students” со што успешно го промовираат училиштето и нашата земја .

Трн: Кои се вашите очекувања и цели од учеството во програмате Ерезмус + ?

Програмата Еразмус + нуди огромна поддршка за професионален и едукативен напредок и развој на процесот на доживотното учење на наставниот кадар и учениците. Во тековниот период на големи промени во системот на образование ширум светот, среќни сме што ние како училиште имаме можност преку нашата Национална агенција за образовни програми да учествуваме во меѓународни проекти. Со голема посветеност и ангажман на наставниците и поддрчка од управата во рамките на овие проекти се овозможува зајакнување и имплементација на нови методи и технологии кои не носат во полето на модерното образование. Сето ова придонесува за применување на новите образовни текови и една широка европеизација на младите и образованието во целост.

Трн: Кои конкретни теми или области се надевате да ги истражите со цел да ги примените во вашата секојдневна работа? Учеството во Еразмус + програмата, поконкретно нашите проекти се еден вид на пробив во насока на примена на идни технологии и усовршено дигитално образование. Проектите овозможува подобрување на соработка на учениците и наставниот кадар, градење самодоверба кај учениците, соработка со стручни лица ,како и реализирање на корисни работилници за родителите. Учесниците во нашите проекти имаат можност при секоја мобилност да стекнат знаење, да се запознаат со друга култура, традиција, образовен систем, елоквентна употреба на англискиот јазик за полесна комуникација. Една од целите е секако запознавање на нови пријатели и создадавање убави и трајни спомени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни