Американската технолошка компанија „Епл“ го претстави новиот компјутер “мекбук ер” со чип М4 и напредни функции на вештачка интелигенција во нова небесно сина нијанса.
За многумина, најголемо изненадување е цената која е поволна од очекуваното – новиот лаптоп компјутер доаѓа во две верзии со екрани од 13 и 15 инчи, а почетната цена на првата верзија е 999 долари, додека на втората 1.199 долари.
Батеријата на лаптопот “мекбук ер” трае до 18 часа, чипот М4 нуди сосема ново ниво на перформанси за работа и игра, а вградената Епл интелидженс ви помага да ги завршите задачите без напор, се наведува во соопштението на компанијата.
Извор: ТАНЈУГ