Епидемија на лептоспироза во Сараево – одговорност на надлежните, но и на граѓаните

Во близина на Сараево, на една фарма, повеќе од 20 дена стоката е заразена со бруцелоза, но не може да биде еутаназирана бидејќи нема каде да се одложи животинскиот отпад

Од 23 мај, кога во Кантон Сараево беше прогласена епидемија на лептоспироза, се пријавени 67 случаи на зараза. Заводот за јавно здравје евидентира три нови случаи на зараза со лептоспироза во Кантонот Сараево. Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека досега е регистриран еден случај и во таа земја.

Во близина на Сараево, на една фарма, повеќе од 20 дена стоката е заразена со бруцелоза, но не може да биде еутаназирана бидејќи нема каде да се одложи животинскиот отпад. Ова повторно го отвори прашањето за надлежноста на комуналните претпријатија во главниот град на Босна и Херцеговина: кој за што е одговорен и зошто градот е хигиенски запуштен?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни