ЕП предлага забрана за именување на производи без месо како „бургер“ или „стек“ 

ЕП предлага забрана за именување на производи без месо како „бургер“ или „стек“ 

Европскиот парламент денеска со 355 гласови „за“, 247 „против“ и 30 „воздржани“ усвои Извештај со кој се бара забрана на употреба на зборовите „бургер“, „стек“ или „колбас“ за именување на прехранбени производи на растителна база, кои не содржат месо. 

Со Извештајот, подготвен од француската европратеничка Селин Имар, се бара Европската комисија да подготви регулатива со која јасно ќе се означуваат вегетаријанските и сите останати производи кои се замена за месото. 

Во документот се предлага забрана на користење на седум термини – „стек“, „шницла“, „колбас“, „бургер“, „хамбургер“, „жолчка од јајце“ и „белка од јајце“ за именување на прехранбени производи што не содржат месо или не се од животинско потекло.  

Според Имар, користењето на овие термини за производи што не содржат месо или преставуваат негова замена е „премногу збунувачки за потрошувачите“. 

„Секој има право да јаде алтернативни протеини, но тие да се нарекуваат месо претставува заблудување на потрошувачите. Тие не се колбас и не се стек. Тоа е толку едноставно“, изјави Имар. 

Француската европратеничка, која е професија е земјоделец, вели дека ја покренала оваа иницијатива на барање на земјоделскиот сектор и месната индустрија. 

На предлогот на Имар реагираше водечкиот германски производител на вегетаријански и вегански производи „Ригенвалдер Миле“, кој предупреди дека со евентуалната ваква забрана ќе бидат засегнати најмалку 60 производи и нивното препакување би чинело „милиони евра“.  

Инаку, ова не е прва иницијатива од ваков тип. Во 2020 година во Европскиот парламент се појави предлог да се забрани користење на термините „јогурт“, „млеко“ или „павлака“ за именување на производи кои не се од животинско потекло, но тој тогаш не доби поддршка од мнозинството европратеници. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни