Ентони Хопкинс го завршил пишувањето на своите мемоари, а познато е дека тие официјално ќе бидат објавени на 4-ти ноември оваа година, како во аудио, така и во печатена верзија.
Ова дело, двократниот добитник на Оскар, Ентони Хопкинс го нарече „We did OK, kid“.
„Ми се допаѓа и мислам дека ќе ви се допадне и вам. Прочитајте ја“, порача Хопкинс во објавеното видео за промоција на мемоарите.
Книгата ќе ги опфати филмската и театарската кариера на Хопкинс, тешкото детство и патувањето до закрепнување од зависноста од алкохол, а издавачката куќа Summit Books ги опиша мемоарите како искрени и трогателни.
Во книгата ќе има и специјални приватни фотографии, како и непознати детали од кариерата на актерот, која трае повеќе од 60 години.