Ентони Џошуа повреден во тешка сообраќајна несреќа во Нигерија, загинаа двајца негови тренери

Автомобилот на поранешниот светски шампион се судрил на автопатот Лагос–Ибадан. Џошуа е надвор од животна опасност

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, е повреден во ужасна сообраќајна несреќа во Нигерија утрово. Автомобилот во кој се наоѓал Британецот се судрил со возило кое било во мирување на автопатот Лагос-Ибадан, при што загинале две лица, а медиумите од Островот објавија дека станува збор за Лац и Сина, долгогодишни тренери и блиски пријатели на Џошуа.

  • Двајца патници во возилото на Џошуа починале на самото место. Починатите биле однесени во мртовечницата во болницата Ливвел во Сагаму, а Командата на полицијата на државата Огун изразува искрено сочувство до семејствата на починатите и ја уверува јавноста дека ќе биде покрената темелна истрага за сите околности на несреќата – изјави комесарот на полицијата на државата Огун – Ланре Огунлово.

Многу брзо, британските медиуми дознаа дека станува збор за двајца успешни спортисти и тренери на поранешниот светски шампион во тешка категорија. Лац и Сина биле задолжени за физичката подготвеност на Ентони Џошуа, а неодамна биле дел од неговиот тим пред неговата борба со инфлуенсерот Џејк Пол.

Џошуа веднаш бил префрлен во тајна болница во близина на Лагос по несреќата и според информациите од Нигерија, боксерот е надвор од животна опасност. Тој отиде во Нигерија по победата над Пол за да го прослави триумфот со двајцата тренери и да ги прослави претстојните новогодишни празници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни