Според извештајот, земјите од јужна Европа – Грција, Италија, Португалија и Шпанија – би можеле да ја потрошат дури 71 отсто од вкупната енергија за ладење во резиденцијалните објекти во ЕУ поради глобалното затоплување. Во последните години, потрошувачката на енергија за ладење во 19 европски земји се зголемила тројно меѓу 2010 и 2019 година.
ЕЕА истакнува дека ризиците за енергетската безбедност се различни во Европа. Јужна Европа се соочува со поголеми ризици од суши и топлотни бранови, кои може да предизвикаат прекини во снабдувањето со електрична енергија, додека северна Европа има и ризици и можности за адаптација.
Други закани се намалениот хидроенергетски потенцијал поради помала достапност на вода, намалена ефикасност на термоелектрани и влијание на екстремни временски услови врз енергетската инфраструктура.
Извештајот ја истакнува Португалија како пример за успешна транзиција од фосилни горива кон обновливи извори. Во 2023 година, обновливата енергија чинела 24,5 отсто од вкупната потрошувачка во ЕУ, додека во Португалија уделот на обновливите извори во финалната потрошувачка се зголемил од 19 отсто во 2004 година на 35 отсто во 2023 година.
ЕЕА посочува дека Португалија ја затвори својата последна термоелектрана на јаглен во 2021 година и инвестирала во хидро, ветер и соларна енергија, станувајќи еден од пионерите во европската енергетска транзиција.
Извор: Euronews