На младите треба да им се забрани да купуваат пијалаци со високо ниво на кофеин, велат здравствените и потрошувачки групи во Данска и ги повикуваат креаторите на политики да воведат построги прописи за енергетските пијалаци.
Центарот за здравје на децата е една од организациите кои бараат забрана за продажба на енергетски пијалаци на малолетни лица.
„Сите земји ги штитат своите деца од енергетските пијалаци, би требало и ние“ вели извршниот директор Мортен Бронбек.
Тој додава дека децата се под голем притисок од рекламите и инфлуенсерите кои ги промовираат и на тој начин ги повикуваат да ги пијат овие штетни газирани пијалаци.
За жал, истакнува тој, предупредувањата и добрите намери од индустријата на пијалаци не се доволни.
Сличен повик има и Данскиот совет на потрошувачи и Данската управа за храна. Тие, сепак, забраната да важи за децата помали од 16 години.
„Данската управа за храна утврди дека енергетските пијалаци не се погодни за деца, бидејќи кофеинот може да влијае на нивниот мозок и тело“ вели Карин Брек, директорка за политика во Данскиот совет за потрошувачи.
Медицинската литература ја поврзува употребата на енергетски пијалаци кај децата со повисоки нивоа на анкциозност, стрес и суицидални мисли.
Делумно тоа е поради нарушувачките ефекти на коефиниот и шеќерот врз спиењето, како и на фактот дека овие состојки го стимулираат нервниот систем.
Брек вели дека ќе ја докаже штетноста на влијание од консумирањето на овие пијалаци за млади.
„И покрај напорите да се информира јавноста и да се применат обележја за предупредувања на призводите, овие мерки не постигнуваат ефекти“ вели таа.
Доколку Данска одлучи да примени поконкретни ограничувања, би го следеле преседанот поставен од Летонија, Литванија и Полска, кои воведоа старосни граници за купување на енергетски пијалаци.
Велика Британија исто така би можела да го следи тој пример, откако Лабуристичката партија во предизборието најави дека ќе ја забрани продажбата на енергетски пијалаци со кофеин на помлади од 16 години. Оваа мерка голем број на британски супермаркети веќе ја воведоа на доброволна база.
Според Европската агенција за безбедност на храната, децата и тинејџерите се безбедни доколку консумираат до 3 милиграми коефин по килограм телесна тежина дневно, додека една конзерва популарен пијалак од 250 милилитри, содржи 80 милиграми кофеин.
Енергетски пијалак од друг производител, исто така популарен помеѓу младите, содржи 79,2 милиграми кофеин во пакување од 240 милилитри, според податоците на американските власти.
Во моментов во Данска, Агенцијата за храна смета дека кофеинот може да се додава во енергетските пијалаци, но само до 32 милиграми на 100 милилитри. За пијалаците кои содржат кофеин повеќе од 15 милиграми на 100 милилитри, на производот мора да има предупредување:
„Висока содржина на кофеин. Не смее да го консумираат деца, трудници или доилки“.
Меѓутоа овие правиле за обележување не се применуваат на пијалаци направени од кафе или чај, како ни на екстракти од кафе или екстракти од чај.
Некои критичари, од друга страна, наведуваат дека старосните граници за енергетски пијалаци се политика на „држава дадилка“, која ги попречува личните слободи.
Други истакнуваат дека децата треба да се заштитат од состојки кои предизвикуваат зависност и се потенцијално штетни, додека не станат доволно зрели за да ги консумираат овие производи свесни за негативните ефекти.
Извор: Мондо