Тој се соочува со обвиненија за силување, давење и закани со пиштол на жени во Британија во периодот од 2013 до 2015 година, покажуваат документите на британската обвинителска служба.
На денешното рочиште во Врховниот суд, судијата Ричард Армстронг рече дека четирите тужителки „бараат отштета која најверојатно ќе достигне шест цифри“, пренесува Sky News.
Две од жените тврдат дека биле интимни со контроверзниот инфлуенсер и поранешен професионален кикбоксер, додека другите две работеле за неговиот онлајн бизнис со веб-камери помеѓу 2013 и 2015 година кога Тејт (38) наводно физички или сексуално ги малтретирал.
Еден од нив тврди дека Тејт ја фатил за гуша, ја нападнал и ѝ вперил пиштол во лицето велејќи „ќе направиш како што ти кажувам или ќе платиш висока цена“.