Студентите на Земјоделскиот факултет заедно со другите колеги денеска од 11 до 18 часот го блокираат мостот Газела. Студентите околу девет часот го напуштија Земун, а за време на протестната прошетка беа поздравени и поддржани од граѓаните.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како граѓаните ги поздравуваат студентите и им мавтаат од прозорците.
Колона студенти нешто по 10 часот помина низ булеварот Михајло Пупина.
На самиот почеток на колоната, студентите носеа црвени транспаренти со имињата на загинатите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Блокадата ќе трае до 18 часот.
Покрај Белград, денеска протести се одржуваат и низ Србија.
Голема блокада ќе има и во Нови Сад, со блокирани три главни раскрсници од 11 до 14 часот, што практично ќе го спречи влезот во градот.

За потсетување, блокадата ќе трае до 18 часот.