Емотивна промоција на „Безсловен“: Исповедта на Кирил Ангелов го освои срцето на публиката

Во дневна атмосфера исполнета со емоции, денес, пред многубројна публика, се одржа промоцијата на книгата „Безсловен” од авторот Кирил Ангелов. На средбата, Ангелов несебично ги отвори вратите кон своите најдлабоки болки, разголувајќи пред публиката слој по слој од своето болно и траорно животно искуство.

Вешто водена од Атина Цветановска, средбата беше момент на интимност и искреност, каде што авторот ја сподели својата болка, а чувствата ги разбуди уште повеќе читањето на делови од книгата, кои ги прочита актерката Дарја Ризова. Публиката преку промоцијата се запозна со вистинската драма во животот на Ангелов.

На крајот од ова емотивно патување, Кирил Ангелов ја испрати моќната порака на простувањето и помирувањето, истакнувајќи дека големината на срцето и убавината на душата се најсилни сојузници на човекот. Неговата искреност и исцелителната моќ на простувањето оставија длабок впечаток во срцата на сите присутни, покажувајќи дека сѐ може да се победи, секоја болка да се надмине и да се најде излез од секоја темнина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни