Со возбудливи натпревари и поделба на медали во неколку дисциплини, заврши вториот натпреварувачки ден на Европскиот малдински олимписки фестивал ЕМОФ.
Македонските претставници настапија во осум спортови, а како успех се издвојува победата на ѓенската репрезентација во баскет 3Х3 над селекцијата на Литванија.
Нашите девојки ги совладаа Литванките со резултат 14:11 и ја впишаа првата победа и го делат второто место во групата со Словенија.
Токму против оваа селекција играат утре, а победа ќе значи и пласман во полуфиналето и можност за борба за медал.
Италија моментално е најуспешна нација
Што се однесува до освоените медали, Италија е најуспешната нација по вториот натпреварувачки ден.
Италија има вкупно 13 медали, од нив пет се златни, четири се сребрени и исто толку бронзени.

Понатму, во генералниот пласман, второпласирана е Унгарија со четирир златни одличја, а по три имаат Велика Британија и Азербејџан.
Што нѐ очекува на третиот ден на ЕМОФ?
Денешниот ден носи нов бран од спортски возбудувања на ЕМОФ Скопје 2025. Младите олимписки надежи ќе продолжат со настапи во 13 спортови на повеќе спортски арени во Скопје и Куманово.
На арената „Тодор Проески” ќе се одржат финалните натпревари во машка конкуренција во скок во височина, 5 км брзо трчање, мешана штафета 4×400 метри, како и фрлање копје. Во салата „Јане Сандански” се очекуваат возбудливи финалиња во џудо: девојки до 48 и 52 кг и момчиња до 60 и 66 кг.
Во Куманово ќе се одржи планински велосипедизам во двете конкуренции, а натпреварите продолжуваат и во останатите спортови – квалификации во пливање, гимнастика, пинг-понг, бадминтон и стрелаштво. Од утре започнуваат борбите во теквондо.
Македонските претставници денеска ќе се натпреваруваат во 10 спортски дисциплини.