Првиот ден на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ, донесе многу возбудувања низ арените во Скопје и Куманово.
Уште во првиот ден беше поставен нов светски рекорд во дисциплината скок со стап (под 18 години) од страна на Естонката Алика Инкери Мосер која на Арената „Тодор Проески“ во Скопје успеа да го прескокне летвичето на висина од неверојатни 4.52 метри.

Во текот на вчерашниот ден беа поделени и комплет медали во неколку спортски дисциплини, а на крајот на денот најуспешна беше делегацијата на Унгарија со освоени три зладни медали во пливање, атлетика и стрелаштво.
Еден златен медал имаат помалку Шпанија и Турција.
Македонските резпрезентации во екипни спортови не се прославија, односно претпреа големи порази во кошарка (мажи и жени) ракомет (мажи и жени) и одбојка (мажи и жени), но успешен ден имаа пливачите.
Поставени беа нови државни и лични рекорди во повеќе дисциплини. Дамјан Станковски постави државен рекорд до 14 години на 200 м градно со време 2.35:41 мин, соборувајќи го досегашниот резултат 2.37.90.
Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11 мин), Никола Велковски на 400 м градно (4:21:50 мин) и Михаил Алексовски на 200 м градно (2:38,01 мин), како и Милан Јанковски на 100 м грбно на возраст до 14 години. Единствена нашата натпреварувачка која избори пласман во полуфиналето е Неда Миленковска на 200 метри пеперутка.
Вториот ден на ЕМОФ носи нови интересни дуели
Денес на вториот ден од ЕМОФ ќе се одиграат неколку финалиња во различни категории (атлетика, пливање, џудо, стрелаштво) а македонските претставници ќе настапат во осум спортски дисциплини.
За 16 часот е закажан почетокот на натпреварите на на женските репрезентации во ракомет (СЦ Јане Сандански) и кошарка (сала Перо Наков во Куманово), машките селекции ќе имаат натпревари од 18:15 часот во СРЦ „Кале“ и салата во Куманово.
Во „Ист Гејт Мол“ од 16:15 Македонија ќе настапи во Баскет 3Х3 во женска конкуренција, од 20:05 часот ќе игра машката репрезентација.
Одбојкарите и одбојкарките од 18 часот ќе ги стартуваат своите натпревари во малата и големата сала во СЦ „Борис Трајковски“.