ЕМОФ Скопје 2025 со пренос во живо на сите спортови и церемонии

Особено внимание е посветено на организацијата на преносот од натпреварите во спортска гимнастика, кои ќе се одржат во Осиек, Хрватска

Во рамките на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што од 20 до 26 јули ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек, сите спортски натпревари и свечени церемонии ќе бидат пренесувани во живо преку висококвалитетната SRT платформа. Сите возбудувања на спортските борилишта ќе можат да се следат во живо на Македонската радио-телевизија (МРТВ), а за пренос на церемониите на свеченото отворање и затворање ќе бидат користени шест камери за целосно медиуско покривање.

Атлетските натпревари исто така ќе бидат пренесувани со шест камери, во две сесии наутро и попладне, а ќе бидат достапни и репризи од најинтересните моменти, како и податоци обезбедени од „Open Track”. Сличен пристап ќе се користи и за ТВ покривање на пливањето. Бадмингонот ќе биде покриен со три посебни стримови за секое игралиште, а податоците ќе се добиваат преку системот „Sport Data”. Сите мечеви од кошарката, вклучително и 3×3 баскет, ќе бидат пренесувани во живо, со репризи, церемонии на доделување на медалите и официјални податоци за резултатите.

Кај другите спортови, како кајак на диви води, велосипедизам, планински велосипедизам, ракомет, џудо, стрелаштво, одбојка, таеквондо и пинг понг, секој натпревар ќе биде покриен со посебни камери и пренос, вклучувајќи ги церемониите на доделување на медалите и официјалните податоци од соодветните технички провајдери.

Особено внимание е посветено на организацијата на преносот од натпреварите во спортска гимнастика, кои ќе се одржат во Осиек, Хрватска. Согласно договорот со Хрватскиот олимписки комитет и Европскиот олимписки комитет, за овој спорт ќе се користи посебен систем за стриминг – Elevien, кој овозможува следење на сите дисциплини поединечно со посебни линкови за секој апарат. Целата содржина ќе биде обединета преку специјално креирана платформа, а дополнителни информации ќе бидат доставени навремено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни