Емисијата на Џими Кимел повторно се враќа на телевизија

Популарниот американски водител Џими Кимел ќе се врати на малите екрани во вторник, по пауза во емитувањето на неговата емисија, соопшти компанијата „Дизни“.

Програмата беше привремено суспендирана поради коментари кои Кимел ги даде во врска со смртта на Чарли Кирк, што предизвикаа силни реакции во јавноста.

„Минатата среда одлучивме да ја прекинеме продукцијата за да избегнеме дополнително продлабочување на тензиите во чувствителен момент за нашата земја“, стои во соопштението што го пренесе Би-Би-Си.

Од компанијата додаваат дека во изминатите денови се воделе интензивни разговори со Кимел и дека, по нив, донеле одлука емисијата повторно да се емитува.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни