Забраната се однесува и на пријавен и на кабински багаж, објави Ал Арабија. Се наведува дека полицијата во Дубаи ќе ги конфискува сите забранети уреди доколку ги најде.
Откако во Либан во семптември експлодиира пејџерите и воки-токи уредите на Хезболах загинаа 32 лица, а илјадници беа повредени, поради што сега авиокомпанијата се обидува да ги заштити своите летови.
Водечката авиокомпанија во Дубаи објави и информации за летовите до и од Јордан, Ирак, Иран и Либан.
„Емирати“ ќе продолжи да лета за Аман од недела, сите летови до и од Ирак и Иран ќе останат откажани до понеделник, додека летовите до и од Бејрут ќе останат откажани до 15 октомври.
Загриженоста за можното избивање на поширок конфликт на Блискиот Исток ги натера меѓународните авиокомпании да ги прекинат летовите во регионот или да избегнат минување низ воздушниот простор во областа.