Еминем ќе стане дедо – ќерката му ја соопшти веста во емотивен спот

Еминем наскоро ќе стане дедо. 51-годишниот рапер очекува внуче од својата ќерка Хејли Џејд.

Овој важен момент од неговиот живот беше запишан во видео кое стана дел од неговиот најнов музички спот, посветен на Хејли. Во спотот за песната „Temporary,“ инспирирана од неговата ќерка, се појавуваат стари снимки од Еминем и малата Хејли Џејд, како и сцени од нејзината свадба. На крајот од видеото, Хејли го изненадува својот татко со фотографија од ултразвук, откривајќи дека е бремена.

Покрај ова, Хејли, која е музичарка и водителка, му подарува на Еминем син дрес од Детроит Лајанс со број 1, на кој на грбот стои натписот „Дедо“.

Хејли Џејд се омажи за Еван МекКлинток во мај годинава.

Песната е создадена во соработка со Скајлар Греј. Хејли е ќерка на Еминем и Кимберли Ен Скот, кои двапати беа во брак пред конечно да се разведат во 2006 година, со заедничко старателство над неа.

Извор: https://variety.com/2024/music/news/eminem-hailie-jade-grandpa-temporary-music-video-1236167484/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни