Еми 2024: Сите беа трогнати од емотивната почит на починатиот актер Метју Пери

За време на синоќешното 75-то доделување на Еми наградите, им беше оддадена почит на уметниците кои ги загубивме во последната година и пол.

Сегментот In Memoriam секогаш предизвикува солзи, а фановите на Метју Пери беа особено погодени кога се пушташе тематската песна на Friends. Музичарот Чарли Пут ја изведе песната See You Again додека на екранот се појавија имињата на починатите уметници.

Последната фотографија што ја покажаа беше на актерот Метју Пери.

На доделувањето на Еми им се оддаде почит на многу починати уметници, меѓу кои Сузан Сомерс, Пол Рубенс, Барбра Волтерс, Лесли Џордан, Ленс Редик, Ричард Раундтри, Ангус Клауд…

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни