Елтон Џон: Губењето на видот беше вознемирувачко и стресно за мене

Британскиот пејач Елтон Џон во интервју за весникот „Тајмс“ призна дека губењето на видот му било вознемирувачко и стресно.
Фото: Ernst Vikne, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Британската музичка суперѕвезда (78) минатата година на социјалните мрежи откри дека „тешка инфекција на очите“ резултирала со оштетување на видот, односно „ограничен вид само на едното око“.

Тој рече дека не може да гледа ТВ програми и дека речиси ништо не гледал од јули минатата година.

„Не можам да читам. Не можам да ги гледам моите момчиња како играат рагби и фудбал. Сето тоа е многу стресно и вознемирувачко бидејќи бев навикнат на тоа. Ве погодува нова ситуација, но мора да се навикнете на неа бидејќи можам да кажам дека сум среќен што го имам животот што го имам. Сè уште го имам моето прекрасно семејство и сè уште по нешто можам да гледам“ вели Џон.

Тој, исто така, призна дека неговите проблеми со видот влијаеле на неговата способност да снима музика, но сепак неодамна го сними албумот „Who Believes In Angels? во соработка со американската пејачка Бренди Карлајл.

Тој рече дека целата работа била малку фрустрирачка поради неговиот недостаток и дека за малку ќе го напуштел проектот.

Елтон има две деца, Захари и Илија, со неговиот сопруг, режисерот Дејвид Фурниш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни