77-годишниот музички гигант се повлече од сцената минатото лето, а говорејќи по проекцијата на филмот „Елтон Џон: Никогаш не е доцна“ на филмскиот фестивал во Њујорк, тој се пошегува со неговото здравје.
„Да бидам искрен од мене не остана многу. Немам крајници и слепо црево. Ми ја отстранија и простатата. Немам десен колк, ги немам двете колена…“ наброја Џон.
Тој, сепак, истакна дека му останал неговиот природен лев колк.
„Но се уште сум тука“ додаде Елтон.
Минатиот месец пејачот откри дека има ограничен вид на едното око поради инфекција.
„Се лечам, но тоа е исклучително бавен процес и ќе биде потребно време пред видот целосно да ми се врати“ објасни музичката легенда.
Извор: Б92