Славниот пејач, Елтон Џон, во септември, годинава ја сподели веста дека тешка инфекција на окото го оставила слеп на десното око, а дека левото му се со „ограничен вид“.
Елтон Џон, на забавата за промоција на неговиот нов мјузикл The Devil Wears Prada, за кој ги напиша стиховите, откри дека физички не можел да го гледа шоуто. Причината за тоа се неговите постојани проблеми со видот, пишува Гардијан.
Зборувајќи на сцената, 77-годишната пејач му се заблагодари на својот сопруг Дејвид Фурниш.
„Го изгубив видот, така што тешко е да го гледам. Но, сакам да го слушам и звучеше навистина добро вечерва“, изјави тој. Во септември, Џон откри дека тешката инфекција на окото што ја добил во јули додека бил во Франција го оставила слеп на десното око и со „ограничен вид“ на левото.
Минатата недела, тој на Добро утро Америка рече дека неговиот вид го одложува неговиот следен албум со долгогодишниот соработник Берни Таупин.
„За жал, го изгубив видот на десното око во јули затоа што добив инфекција на југот на Франција и веќе поминаа четири месеци и сè уште не гледам, а левото око не ми е најдобро. Така да, има надеж дека се ќе биде во ред, но… некако во моментов сум заглавен, можам да направам интервју, но да влезам во студио и да снимам, не знам, бидејќи не можам да видам ниту еден текст“, објасни Елтон.
The Devil Wears Prada штотуку беше отворен во лондонскиот Вест Енд во театарот Доминион. Гала настапот што се одржа на 1 декември беше организиран за да се соберат средства за Фондацијата за СИДА на Елтон Џон. Филмот „Ѓаволот носи Прада,“ роман на писателката Лорен Вајсбергер, а подоцна адаптиран во филм, ја раскажува приказната на Енди.
Таа е новинарка која станува асистент на познатата уредничка на модното списание Миранда Пристли. Во мјузиклот Пристли ја игра американската манекенка и актерка Ванеса Вилијамс. На настанот исполнет со ѕвезди присуствуваа многу познати фаци од модниот свет, меѓу кои и главната уредничка на Vogue, Ана Винтур. Долго време се зборуваше дека таа била инспирација за ликот на Пристли. Публиката и луѓето со кои работам зависи дали има некаква сличност меѓу мене и Миранда Пристли“, изјави Винтур за Би-Би-Си на црвениот тепих. |