Новиот албум наречен „Кој верува во ангели?“ е создаден во соработка помеѓу 78-годишниот пејач и американската музичарка Бренди Карлајл.
Во интервју со водителката на Smooth радио, Кејт Гаравеј, непосредно пред објавувањето на албумот на 4 април, Елтон Џон рече дека иако правењето на албумот е предизвик, тој не се споредува со она што тој го нарече „најголем предизвик во животот“: родителството.
„Овој албум е нов почеток за мене. Многу е свеж. Тоа е веројатно најсвежиот албум што сум го направил од седумдесеттите“, рече Џон.
„Ми требаа нови музичари. Иако многу го сакам мојот бенд, ми требаше нова енергија, нов продуцент кој ќе ме предизвика“.
„Најголемиот предизвик е, се разбира, да се биде родител – и тоа е најубавиот предизвик што човек може да го има. Има свои подеми и падови, но навистина е неверојатно“, додаде музичарот.
Зборувајќи за иднината на неговата кариера, Елтон Џон рече: „Што се однесува до мојата музика, сега можам да изберам што точно сакам да работам. Повеќе немам притисок од турнеи и можам да се фокусирам на други работи. Ќе снимам повеќе, но нема да биде како ‘Кој верува во ангели?’ – ќе биде нешто друго“.
Елтон Џон има два сина, Захари и Илија, со сопругот, режисерот Дејвид Фурниш.
Албумот е напишан и снимен за само 20 дена во октомври 2023 година од страна на Елтон, Карлајл, добитникот на Греми Ендру Ват и легендарниот текстописец и долгогодишен соработник на Елтон, Берни Таупин.