Елон Маск стана првиот човек чие богатство ја проби границата од 400 милијарди долари

Американскиот магазин Форбс вчера го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, додека компанијата за финансиски услуги Блумберг изјави дека тоа изнесува околу 447 милијарди долари.


Елон Маск стана првиот човек чие богатство достигнало повеќе од 400 милијарди долари, според Форбс и Блумберг. Неговото богатство главно се состои од удели во производителот на електрични автомобили Тесла и авио-космичката компанија СпејсX.

Американскиот магазин Форбс вчера го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, додека компанијата за финансиски услуги Блумберг изјави дека тоа изнесува околу 447 милијарди долари. Од претседателските избори во САД на почетокот на ноември, неговото богатство значително се зголемило поради растот на цената на акциите на Тесла, барем на хартија.


Инвеститорите претпоставуваат дека Тесла ќе има корист од блискоста на Маск со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Маск, роден во Јужноафриканската Република, а сега американски државјанин, го поддржа Трамп со милионски донации за време на неговата предизборна кампања и ќе биде дел од владата на Трамп.

Масковите компании вклучуваат и онлајн платформата X, развивачот на вештачка интелигенција xAI, и компанијата Neuralink која работи на мозочни импланти. На второ место на листата е основачот на Амазон, Џеф Безос, чиј богатство се проценува на повеќе од 240 милијарди долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни