Еurope House и меѓународните претставници во земјава избираат Европска жена за 2024 година

Елмедина Абдулахи номинирана за Жена на годината од страна на Софиа Филипидоу, Амбасадорка на Грција

Еurope House и меѓународните претставници во земјава избират Европска жена на годината. Седум амбасадори и претставници на меѓународните институции во земјава ќе номинираат по една силна жена жена која ги крши бариерите и создава подобра иднина.

H.E. Софиа Филипидоу, Амбасадорка на Грција и Еurope House Tetovo ја претставија четвртата номинација за наградата Европска жена на годината за 2024 а тоа е Елмедина Абдулахи.

Елмедина одигра клучна улога во лобирањето за заштита на животната средина во Тетово. Нејзиното лидерство во мобилизирањето на жените за еколошки цели како и улогата на основач во движењето „Мајка и дете“ се приказ на нејзината посветеност кон подобрување на општеството и еколошкото здравје. Жестока поборничка за општествени промени, чии напори значително
влијаеја и врз локалните и врз националните политики за загадување на воздухот. Елмедина е раководител на библиотеката „Макс ван дер Штул“ на South East European University (SEEU).  

Гласањето за жена на годината ќе биде од 5 до 7 март 2024 година.

Фотографиите и постот се превземени од Europe House Skopje 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни