Елиф Елмас: „Мајка ми е мојот најстрастен навивач“

Фудбалскиот дијамант, како што го нарекуваат голем број на љубители на фудбалот, на само 24 година зад себе има одлична кариера за која би сонувал секој фудбалер. Првите професионални чекори ги започнува во Работнички, потоа продолжува во турскиот гигант Фенербахче, италијанскиот Наполи, со кого станува првак на Италија, го освојува и италијанскиот куп. Моментално е фудбалер на германскиот Лајпциг. Исто така е и незаменлив играч на репрезентацијата на Македонија. Но, темпераментниот Елиф не застанува тука. Неговите соништа се многу по поголеми. Неговата крајна цел е освојување на УЕФА Лигата на шампионите и пласман на Светско првенство со репрезентацијата на Македонија. „Зашто да не“, вели Елиф, во интервјуто за порталот Рацин.мк. Со него разговаравме пред самиот почеток на Европското првенство во фудбал, кој започнува на 14 јуни во Германија. За да успее во неговите соништа ќе биде упорен, ќе работи уште повеќе и ќе се бори со сета своја енергија.

Со Елиф Елмас за Рацин.мк разговараше Хусамедин Гина

Елиф Елмас, фудбалскиот дијамант, како што го нарекуваат голем број на љубители на фудбалот, моментално е играч на германскиот Лајпциг, со кого оваа година го освои четвртото место во германската Бундес лига. Со тоа Лајпциг директно се квалификува во групите на најпрестижната европска Лига на шампиони, а самото тоа Елиф го мотивира уште повеќе, за да стигне до својата цел, подигнување на пехарот во Лигата на шампионите.

„Клубот, техничката екипа и младите играчи се многу амбициозни и ќе атакуваме на уште поголеми успеси“, додаде Елмаз.

Пет години игра за италијанскиот клуб Наполи. Со Наполи станува шампион на Италија, а исто така го освојува и италијанскиот куп.

Елиф, има само 24 години, а до сега играше во Работнички, турскиот гигант Фенербахче, италијанскиот Наполи. Од сите тие лиги, кои се со различни карактеристики, се здобива со големо искуство.

Во разговорот за порталот рацин.мк Елиф во кратки црти се осврна на карактеристиките на фудбалските лиги каде што има играно до сега.

Според Елиф италијанската Калчо лига се карактеризира со тактиката, на која се посветува големо внимание, секој детаљ се анализира, така да се прават тактички планови  од сопствениот голман, па се до противничкиот.  

Германска Бундес лига, како што вели Елиф се одвојува со физичката подготвеност на играчите, менталитетот и „фајтерски“ дух којшто е на едно посебно ниво. За секој противник играчите се подготвуваат исто, без разлика дали противникот е послаб клуб. Сите натпревари се играат со висок пресинг и високо темпо.

За Елиф турската Супер лига е еден вид на микс од италијанската и германската лига.  Но, она што ја одвојува турската лига од другите е  атмосферата на стадионите и „ватрените“ фанови.

https://youtube.com/watch?v=llHAEF3tvao%3Ffeature%3Doembed

„Сум играл на многу стадиони, како во Турција никаде не сум се чувствувал, тоа е нешто страшно. Играв во Фенербахче, самата енергија на стадионот те понесува да играш, што се вика 200 отсто“. 

Досега Елмас има одиграно голем број на натпревари. Но, кој е натпреварот на кој се прослави, го прашавме Елмаз. Тој дециден во одговорот, тоа е натпреварот со екипата на Шпанија на која дебитира за А репрезентацијата на Македонија. 

https://youtube.com/watch?v=Xu6QTreR9xg%3Ffeature%3Doembed

„Реално сум имал доста утакмици, али за секогаш ќе ми остане впечаток тоа беше утакмицата со Шпанија кога дебитирав за А репрезентација и играв против Шпанија, играв против едни такви играчи како што беа Бускетс (Серхио), Рамос (Серхио), Пике (Жерар) исто така многу јаки играчи од шпанската репрезентација. Тоа беше, може да речам еден од најбитните, најинтересните моменти во мојата фудбалска кариера кај што почнуваше, да речам. И можеби сето тоа што сум денес, можеби дојде и од таа утакмица“.

Секако не можевме,  да не го потсетиме и на дербито Фенербахче – Галатасарај, каде што со неговиот гол, Фенербахче спаси бод, и остана непоразена во Кадикој (месност каде се наоѓа стадионот на Фенербахче) и по цели 20 години.

„Искрено две недели пред натпреварот само мислев на Галатасарај, сакам да постигнам гол, уште како дете сакав гол да дадам и ми беше стварно чест“, нагласи Елмаз.

Елиф потсетувајќи се на тој гол, со нас сподели и мали, но интересни детали за она што се случувало во соблекувалната по крајот на натпреварот, каде што Фенербахче остана непоразена.

https://youtube.com/watch?v=Mbd3pmNRb9I%3Ffeature%3Doembed

„Во соблекувалната не беше нешто посебно да речеме затоа што резултатот беше 1:1. Но сите големи ѕвезди, којшто претходно ги гледав, тогаш беа мои соиграчи, на пример како Мехмет Топал што е многу близок мој пријател, Волкан Демирел, да не ги набројувам сите, стварно дојдоа ми честитаа, ми кажаа дека тогаш Фенербахче немаше 20 години пораз во Кадикој. Јас го дадов голот, со што не изгубивме, така да ми рекоа, сега да не кажувам се што ми кажаа, но рекоа Елиф твојот гол не спаси“. 

Елиф Елмас, дел од натпреварите од Европското фудбалско првенство кој започнува на 14 јуни ќе ги следи дома, а еден дел и во живо. Особено тие натпревари што ќе се играат во стадионот на Лајпциг.

Фаворит на Европското првенство, за Елиф  е репрезентацијата на Франција. Но, не ги отпишува Германија и Италија. Мисли дека една од овие три селекции ќе игра во финалето.

Арда Ѓулер, турскиот репрезентативец кој игра за екипата на Реал Мадрид, според Елиф, може да биде изненадувањето на првенството и да остави интересен впечаток.  

Одговарајќи на прашањето кој е негов најстрастен навивач, Елиф, со голема возбуда вели.

https://youtube.com/watch?v=O5bOdSqpB-U%3Ffeature%3Doembed

„Дома најстрастен е мајка ми. Мајка ми е така малце по нервозна, по она.. али исто така и братучед ми Мухамед, он игра во Гостивар моментално, исто така и он е еден од по страстните. Они двајца се она баш, реално страствени кога гледаат  кога играм“.

Елиф долго време е надвор од Македонија. Реално му недостасуваат неговите роднини и најблиските.  Шар Планина и Јеловјане му се најомилените места.  Од Јеловјане потекнува и неговото семејство. Детството го поминува таму. Елиф исто така сака да посетува села. И секако му недостасува домашната кујна, особено јадењата кои ги подготвува мајка му.   

https://youtube.com/watch?v=Luz6b9awBlE%3Ffeature%3Doembed

„Секогаш мајка што ќе направи тоа за мене е најдобро секогаш и секогаш ќе остане така. Нормално некогаш ти фали и да се видиш со баба ти, на пример да дојдеш да ја видиш и бабата кога ќе направи нешто да јадеш тоа е нешто пак посебно. О јас обожавам искрено да јадам дома кога сум повеќето у Скопје. Јас често барам да речеме летна манџа со пиперки, тоа ми е она во глобала што обожавам да јадам, бидејќи се јаде со раце и со лепче, можеш да си мицнеш, каснеш“

Упатувајќи порака до младите фудбалери, Елиф рече дека треба да веруваат во себе, и никогаш да не се откажуваат од нивните соништа, а за тоа да се борат со сета своја енергија.

https://youtube.com/watch?v=l94-Y1sH7iQ%3Ffeature%3Doembed

Искрено јас да не мислев така немаше ни да играм фудбал понатака, пошто јас стигнав до едно ниво, но јас си ги знам моите квалитети, знам и каква глава имам, знам и каков карактер сум и знам дека не може никој и никогаш да ме откаже од тоа што го замислувам. Затоа им го кажувам и на помладите, јас имам секогаш зацртано кај да бидам, што ќе бидам и до кај можам. Али секако пред сѐ, здравје Господ да ми даде здравје, да сум здрав и прав што се вика“

Нереализирани соништа на Елиф Елмас се освојување на нај УЕФА Лига на шампиони — најелитното годишно европско фудбалско клупско натпреварување и учество на Светско првенство со репрезентацијата на Македонија.

„Да ја претставуваш држава на светско првенство тоа реално е голема чест. Така да сакам да ја имам таа чест“, додаде на крајот Елиф.

Фудбалскиот дијамант, како што го нарекуваат голем број на љубители на фудбалот, на само 24 година зад себе има одлична кариера за која би сонувал секој фудбалер. Првите професионални чекори ги започнува во Работнички, потоа продолжува во турскиот гигант Фенербахче, италијанскиот Наполи, со кого станува првак на Италија, го освојува и италијанскиот куп. Моментално е фудбалер на германскиот Лајпциг. Исто така е и незаменлив играч на репрезентацијата на Македонија.

Но, темпераментниот Елиф не застанува тука. Неговите соништа се многу по поголеми. Неговата крајна цел е освојување на УЕФА Лигата на шампионите и пласман на Светско првенство со репрезентацијата на Македонија. „Зашто да не“, вели Елиф, во интервјуто за порталот Рацин.мк. Со него разговаравме пред самиот почеток на Европското првенство во фудбал, кој започнува на 14 јуни во Германија. За да успее во неговите соништа ќе биде упорен, ќе работи уште повеќе и ќе се бори со сета своја енергија.

Со Елиф Елмас за Рацин.мк разговараше Хусамедин Гина

Елиф Елмас, фудбалскиот дијамант, како што го нарекуваат голем број на љубители на фудбалот, моментално е играч на германскиот Лајпциг, со кого оваа година го освои четвртото место во германската Бундес лига. Со тоа Лајпциг директно се квалификува во групите на најпрестижната европска Лига на шампиони, а самото тоа Елиф го мотивира уште повеќе, за да стигне до својата цел, подигнување на пехарот во Лигата на шампионите.

„Клубот, техничката екипа и младите играчи се многу амбициозни и ќе атакуваме на уште поголеми успеси“, додаде Елмаз.

Пет години игра за италијанскиот клуб Наполи. Со Наполи станува шампион на Италија, а исто така го освојува и италијанскиот куп.

Елиф, има само 24 години, а до сега играше во Работнички, турскиот гигант Фенербахче, италијанскиот Наполи. Од сите тие лиги, кои се со различни карактеристики, се здобива со големо искуство.

Во разговорот за порталот рацин.мк Елиф во кратки црти се осврна на карактеристиките на фудбалските лиги каде што има играно до сега.

Според Елиф италијанската Калчо лига се карактеризира со тактиката, на која се посветува големо внимание, секој детаљ се анализира, така да се прават тактички планови  од сопствениот голман, па се до противничкиот.  

Германска Бундес лига, како што вели Елиф се одвојува со физичката подготвеност на играчите, менталитетот и „фајтерски“ дух којшто е на едно посебно ниво. За секој противник играчите се подготвуваат исто, без разлика дали противникот е послаб клуб. Сите натпревари се играат со висок пресинг и високо темпо.

За Елиф турската Супер лига е еден вид на микс од италијанската и германската лига.  Но, она што ја одвојува турската лига од другите е  атмосферата на стадионите и „ватрените“ фанови.

https://youtube.com/watch?v=llHAEF3tvao%3Ffeature%3Doembed

„Сум играл на многу стадиони, како во Турција никаде не сум се чувствувал, тоа е нешто страшно. Играв во Фенербахче, самата енергија на стадионот те понесува да играш, што се вика 200 отсто“. 

Досега Елмас има одиграно голем број на натпревари. Но, кој е натпреварот на кој се прослави, го прашавме Елмаз. Тој дециден во одговорот, тоа е натпреварот со екипата на Шпанија на која дебитира за А репрезентацијата на Македонија. 

https://youtube.com/watch?v=Xu6QTreR9xg%3Ffeature%3Doembed

„Реално сум имал доста утакмици, али за секогаш ќе ми остане впечаток тоа беше утакмицата со Шпанија кога дебитирав за А репрезентација и играв против Шпанија, играв против едни такви играчи како што беа Бускетс (Серхио), Рамос (Серхио), Пике (Жерар) исто така многу јаки играчи од шпанската репрезентација. Тоа беше, може да речам еден од најбитните, најинтересните моменти во мојата фудбалска кариера кај што почнуваше, да речам. И можеби сето тоа што сум денес, можеби дојде и од таа утакмица“.

Секако не можевме,  да не го потсетиме и на дербито Фенербахче – Галатасарај, каде што со неговиот гол, Фенербахче спаси бод, и остана непоразена во Кадикој (месност каде се наоѓа стадионот на Фенербахче) и по цели 20 години.

„Искрено две недели пред натпреварот само мислев на Галатасарај, сакам да постигнам гол, уште како дете сакав гол да дадам и ми беше стварно чест“, нагласи Елмаз.

Елиф потсетувајќи се на тој гол, со нас сподели и мали, но интересни детали за она што се случувало во соблекувалната по крајот на натпреварот, каде што Фенербахче остана непоразена.

https://youtube.com/watch?v=Mbd3pmNRb9I%3Ffeature%3Doembed

„Во соблекувалната не беше нешто посебно да речеме затоа што резултатот беше 1:1. Но сите големи ѕвезди, којшто претходно ги гледав, тогаш беа мои соиграчи, на пример како Мехмет Топал што е многу близок мој пријател, Волкан Демирел, да не ги набројувам сите, стварно дојдоа ми честитаа, ми кажаа дека тогаш Фенербахче немаше 20 години пораз во Кадикој. Јас го дадов голот, со што не изгубивме, така да ми рекоа, сега да не кажувам се што ми кажаа, но рекоа Елиф твојот гол не спаси“. 

Елиф Елмас, дел од натпреварите од Европското фудбалско првенство кој започнува на 14 јуни ќе ги следи дома, а еден дел и во живо. Особено тие натпревари што ќе се играат во стадионот на Лајпциг.

Фаворит на Европското првенство, за Елиф  е репрезентацијата на Франција. Но, не ги отпишува Германија и Италија. Мисли дека една од овие три селекции ќе игра во финалето.

Арда Ѓулер, турскиот репрезентативец кој игра за екипата на Реал Мадрид, според Елиф, може да биде изненадувањето на првенството и да остави интересен впечаток.  

Одговарајќи на прашањето кој е негов најстрастен навивач, Елиф, со голема возбуда вели.

https://youtube.com/watch?v=O5bOdSqpB-U%3Ffeature%3Doembed

„Дома најстрастен е мајка ми. Мајка ми е така малце по нервозна, по она.. али исто така и братучед ми Мухамед, он игра во Гостивар моментално, исто така и он е еден од по страстните. Они двајца се она баш, реално страствени кога гледаат  кога играм“.

Елиф долго време е надвор од Македонија. Реално му недостасуваат неговите роднини и најблиските.  Шар Планина и Јеловјане му се најомилените места.  Од Јеловјане потекнува и неговото семејство. Детството го поминува таму. Елиф исто така сака да посетува села. И секако му недостасува домашната кујна, особено јадењата кои ги подготвува мајка му.   

https://youtube.com/watch?v=Luz6b9awBlE%3Ffeature%3Doembed

„Секогаш мајка што ќе направи тоа за мене е најдобро секогаш и секогаш ќе остане така. Нормално некогаш ти фали и да се видиш со баба ти, на пример да дојдеш да ја видиш и бабата кога ќе направи нешто да јадеш тоа е нешто пак посебно. О јас обожавам искрено да јадам дома кога сум повеќето у Скопје. Јас често барам да речеме летна манџа со пиперки, тоа ми е она во глобала што обожавам да јадам, бидејќи се јаде со раце и со лепче, можеш да си мицнеш, каснеш“

Упатувајќи порака до младите фудбалери, Елиф рече дека треба да веруваат во себе, и никогаш да не се откажуваат од нивните соништа, а за тоа да се борат со сета своја енергија.

Искрено јас да не мислев така немаше ни да играм фудбал понатака, пошто јас стигнав до едно ниво, но јас си ги знам моите квалитети, знам и каква глава имам, знам и каков карактер сум и знам дека не може никој и никогаш да ме откаже од тоа што го замислувам. Затоа им го кажувам и на помладите, јас имам секогаш зацртано кај да бидам, што ќе бидам и до кај можам. Али секако пред сѐ, здравје Господ да ми даде здравје, да сум здрав и прав што се вика“

Нереализирани соништа на Елиф Елмас се освојување на нај УЕФА Лига на шампиони — најелитното годишно европско фудбалско клупско натпреварување и учество на Светско првенство со репрезентацијата на Македонија.

„Да ја претставуваш држава на светско првенство тоа реално е голема чест. Така да сакам да ја имам таа чест“, додаде на крајот Елиф.

Извор:„https://racin.mk/intervju/elif-elmas-majka-mi-e-mojot-najstrasten-navivach/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни