Елена Васова со „Љубов“ меѓу 12те финалисти за наградата „Милан Младеновиќ“

На конкурсот за наградата ‘Милан Младеновиќ’ 2025 пристигнаа 158 пријави а жирито од нив одбра 12 финалисти

Македонската пејачка Елена Васова е меѓу 12-те финалисти за наградата „Милан Младеновиќ“, која ја доделува истоимената Фондација.

Васова, која е родена во 2000 година во Скопје во оваа конкуренција влезе со песната „Љубов“.

„На конкурсот за наградата ‘Милан Младеновиќ’ 2025 пристигнаа 158 пријави кои ги задоволија зададените критериуми, а жирито од нив одбра 12 финалисти, чии песни ќе бидат објавени на промотивна ЦД компилација“, информираа од Фондацијата „Милан Младеновиќ“.

Наградата традиционално ќе биде доделена на 21 септември, на роденденот на југословенскиот гитарист, пејач, текстописец и композитор, а ова ќе биде трета година по ред како доделувањето се организира во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“. Макарска е град од исклучителна важност за растењето и творештвото на Милан Младеновиќ. Фронтменот на „Екатерина Велика“ е роден во Загреб, живеел во Сараево и Белград, додека летата ги поминувал токму во Макарска, родното место на неговата мајка Даница.

„Покрај паричната награда во износ од 3.000 евра, за добитникот на наградата ‘Милан Младеновиќ’ ќе биде изработена и посебна статуетка во соработка со ‘Futro Design Studio’, како и настапи на релевантни регионални фестивали“, информираа организаторите.

Милан Младеновиќ е еден од најплодните и најмаркантни автори на просторот на бивша Југославија и предводник на рок музиката, постпанкот и новиот бран во 80тите и 90тите година на 20тиот век.

Фронтменот на бендот „ЕКВ“ бил роден во 1958 година во Загреб, а починал на 36годишна возраст во Белград на петти ноември 1994 година.

Од 2019 од страна на почитувачи на неговот дело е основана и Фондација која ја доделува наградата „Милан Младеновиќ“ кој во 2022 година и припадна на македонската авторка Дина Јашари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни