Елен Помпео доби ѕвезда на Булеварот на славните

Фото: EPA-EFE/Jill Connelly

Елен Помпео, ѕвездата на ТВ серијата „Grey’s Anatomy“ и една од најсветлите телевизиски ѕвезди во последните две децении, доби своја ѕвезда на Холивудската патека на славните.

Помпео е долгогодишен главен лик во хит медицинската драма. Покрај тоа што ја игра Мередит Греј, таа е и извршен продуцент на серијата, која неодамна беше обновена за својата 22-ра сезона.

„Бизнисот и овој град се менуваат толку многу, и се надевам, заради него, заради неговиот дух, дека можеме да продолжиме со вакви традиции и некако да се обидеме да го одржиме овој град жив и оваа индустрија жива во овој град, бидејќи ова е, буквално, булеварот на соништата“, рече таа на церемонијата.

Помпео помина 21 сезона во серијатаи ја нагласи својата благодарност до фановите.

„Сакам да кажам дека обожавателите знаат колку ги цениме. Зборувам во име на сите во „Грејс“. Засекогаш сме им должни на нашите обожаватели. Многу сме им благодарни“, нагласи таа.

Оние кои исто така биле на ова патување го разбираат влијанието што го имала.

„Милиони млади девојки низ целиот свет оделе на колеџ и се вклучувале, инвестирале во медицинската професија поради тебе“, рече актерката Деби Ален, која зборуваше на церемонијата.

„Вие сте жива икона што дише и иако не ви треба ѕвезда да ви го каже тоа, секако е убаво да ја видите вистината напишана на камен“, рече креаторката на „Grey’s Anatomy“, Шонда Рајмс.

Пред да глуми во сеиријата, Помпео се појави во епизода од „Пријатели“, како и во филмови како „The Devil’s Own“, „The Good Old Days“ и заедно со Леонардо Дикаприо во „Catch Me If You Can“.

Во 2007 година, таа доби номинација за Златен глобус за нејзината улога и беше наградена со наградата на Здружението на филмски актери за 2007 година за извонредна изведба од ансамбл во драмска серија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни