Електричните возила во лер, дизелашите и бензинците додаваат гас: Стагнација на „зелената агенда“ во производството

Администрацијата во Брисел ги финишираше сите бирократски процедури со цел да ги протера возилата со внатрешно согорување, стари и по половина век, од европските улици и патишта.

Правната рамка е подготвена, но автомобилската индустрија не е, дури има тенденција за враќање на производството на возилата и на бензин и на дизел, дури и онаму каде што е прекинато. Се чини дека нафтата победи во продолженијата во натпреварот со „зелената агенда“, која беше миленик на Стариот континент.

Светската групација „Стелантис“ неодамна објави дека во 2026 година ќе се вратат на производството на хибридниот „Фиат 500“, иако престанаа да произведуваат бензински мотори и се одлучија исклучиво за електрични возила. Причината е незадоволителната продажба, но и многу бавното прифаќање на електричните автомобили, особено на европскиот континент. Друга причина е конкуренцијата, бидејќи кинеските и покрај високите европски царини, сепак се поповолни.

Кога ќе се пресмета очекуваниот век на еден модел, јасно е дека „фиќото“ на бензин, ќе се произведува уште најмалку десет години. Тоа значи дека барем во тој период нема да се намали потребата од бензин.

Оваа вест отстапува од силниот тренд на европската автомобилска индустрија, која планираше брзо напуштање на бензинските и дизел мотори, а хибридите кои работат делумно на струја, но и на бензин, требаше да бидат само привремено решение. Сега е јасно дека овие транзиции ќе траат многу подолго од очекуваното.

Вториот шок дојде од германскиот „Фолксваген“, кој најави дека ќе го понуди моделот „Купра“ со дизел мотор, односно гориво што се смета за највалкано. И сето тоа кога сите автомобили мора да бидат електрични до 2050 година. Оваа одлука на гигантот од Волфсбург, но и сопственик на брендот „Фиат“, делумно може да се потврди врз основа на трендовите и потрошувачките навики во Германија.

Официјалните бројки на Асоцијацијата на европски производители на возила (ACEA) за октомври 2024 година велат дека падот на продажбата на електрични возила во ЕУ изнесува 4,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Дури и процентот од вкупната продажба е помал и изнесува 13,2 отсто од вкупно продадените е-возила, а во октомври 2023 година изнесувал 14 отсто. Најголем пад на продажбата на „чисти автомобили“ е забележан во Германија, 26,6 отсто! Повеќе од една четвртина.


Затоа е логично да не се откажуваат ниту од дизелот чија продажба е во пад во цела ЕУ.

Додека продажбата на електрични возила се намалуваше во Германија, продажбата на возила на бензин се зголеми за 3,7 отсто, објави ACEA.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни