Електричните возила доживеаа неочекуван пад на продажбата во ЕУ, возачите не се откажуваат од старите автомобили

Новата анализа на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) открила разочарувачки податоци – електричните возила сочинуваат само 1,8% од вкупно 249 милиони автомобили на европските патишта.

И покрај амбициозните планови на Европската унија до 2035 година целосно да ја забрани продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, најновите податоци покажуваат драматичен пресврт на пазарот на електрични возила. Новата анализа на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) открила разочарувачки податоци – електричните возила сочинуваат само 1,8% од вкупно 249 милиони автомобили на европските патишта.

Посебно загрижувачки е фактот што пазарниот удел на електричните возила во 2024 година паднал од 14,6% на 13,6%. Овој пад доаѓа и покрај бројни државни субвенции, даночни олеснувања и други стимули кои земјите на ЕУ ги нудат за купување електрични автомобили.

Инфраструктурата и цената се уште главни предизвици

Експертите истакнуваат дека една од клучните причини за бавниот премин кон електрични возила е недоволната инфраструктура за полнење на батериите. Во многу делови на ЕУ, особено во руралните области, мрежата на полначи се уште е недоволно развиена, што создава таканаречена „анксиозност за домет“ кај потенцијалните купувачи.

Друг значаен фактор е цената. Просечниот електричен автомобил се уште е значително поскап од споредлив модел со класичен мотор, што во комбинација со актуелната економска ситуација одвраќа многу купувачи.

Старите автомобили сè подолго на патиштата

Податоците покажуваат дека Европјаните сè подолго ги задржуваат своите автомобили – просечната старост на возилата во ЕУ достигнала 12,5 години. Грција води со просечна старост на возниот парк од дури 17,5 години, додека Луксембург има најмлада флота со просек од 8 години.

Посебно интересен е податокот дека Италијанците имаат најмногу автомобили на жител – дури 694 возила на 1000 жители. Од друга страна, во Летонија тој број е значително понизок и изнесува 381 возило на 1000 жители.

Автоиндустријата се соочува со сериозни предизвици во исполнувањето на строгите еколошки прописи. Фолксваген неодамна изрази загриженост дека би можел да плати казна од дури 1,5 милијарди евра поради прекршување на дозволените емисии во 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни