Електричните автомобили поретко се расипуваат од бензинците

Меѓу електричните автомобили регистрирани меѓу 2020 и 2022 година, биле забележани само 4,2 дефекти на секои 1000 возила, додека кај бензинците и дизелите тој број е 10,4 на 1000.

Дополнително, ADAC истакнува дека довербата во електричните автомобили расте од година во година, а најновите модели имаат значително помал број дефекти. Тоа се должи на надминување на „детските болести“ кои ги следеа првите генерации на е-возила.

Најчест проблем и кај бензинците и кај е-автомобилите останува стандардната стартер батерија.

Овие податоци ги опфаќаат сите ситуации во кои техничките служби на ADAC морале да интервенираат на пат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни